Закон за социјална заштита

Закон за социјална заштита(Службен весник на РСМ, бр. 104 од 23.5.2019 година)

3.1. Центар за социјална работа

Член 113

Центарот за социјална работа се основа како јавна установа за социјална заштита со

јавни овластувања заради вршење на работите од социјалната заштита.

Центарот за социјална работа може да се основа, ако се исполнети условите за

основање на установа за социјална заштита од членот 171 од овој закон и ако ги има

следниве образовни профили: социјален работник, психолог, педагог и правник.

Лицата со образовен профил од ставот 2 на овој член треба да имаат лиценца за работа

согласно со овој закон.

Центарот за социјална работа може да се основа за подрачјето на една или повеќе

општини.

Начелата на внатрешна организација на центар за социјална работа ги пропишува

министерот.

Член 114

Центарот за социјална работа ги врши следниве работи:

– решава за правата од социјална заштита, утврдени со овој закон,

– решава за правата утврдени со Законот за заштита на децата,

– решава за парична помош на лица со признаен статус на бегалец и под супсидијарна

заштита, утврдени со Законот за меѓународна и привремена заштита,

– решава за работите утврдени со прописите за семејно-правните односи,

– решава за правото утврдено со Законот за социјална сигурност за старите лица,

– постапува по работите од својата дејност утврдени со прописите од кривичното право

и

– врши и други работи утврдени со закон.

Член 115

При спроведувањето на социјалната заштита, како и стручната работа, центарот:

– врши информирање и упатување на граѓани во однос на остварување пристап до

права од социјална заштита,

– спроведува стручна помош и поддршка на поединец и семејство за надминување на

социјални проблеми,

– реализира мерки и активности на социјална превенција и советување на поединец и

семејство заради спречување и ублажување на последици од социјални проблеми,

– врши непосреден увид заради утврдување на фактичката состојба во домаќинството и

потребите на членовите на домаќинството од социјална заштита,

– презема интервенции за зачувување на семејство во криза од дезинтеграција заради

спречување на одвојување на децата од биолошкото семејство и интервенции за создавање

услови за враќање на децата во биолошкото семејство,

– обезбедува пристап до услуги во домот, заедницата и вон семејството,

– развива и спроведува услуги во домот и заедницата,

– изготвува планови и програми за социјална заштита,

– води евиденција и прибира документација за корисниците на социјалната заштита,

заштитата на децата и семејно-правната заштита и за применетите облици на социјална

заштита,

– поднесува извештај до Министерството согласно со закон,

– применува и спроведува програми и други општи акти од областа на социјалната

заштита, донесени и финансирани од општината, градот Скопје и општините во градот

Скопје,

– учествува во работата на советите за социјална заштита на општините, градот Скопје

и општините во градот Скопје и подготовката на социјалниот план на општината, градот Скопје и општината во градот Скопје,

– учествува во работата на советот за социјална заштита на планскиот регион,

– поттикнува, организира и координира волонтерски активности на граѓани,

здруженија, фондации и хуманитарни организации во спроведување на програми за

социјална заштита на подрачјето на општината, градот Скопје и општините во градот

Скопје и

– врши и други работи утврдени со закон.