Shpallje interne – shërbyes administrativ 01/2018

Formulari për aplikim ——> Shkarkoje formularin

за пополнување на работни места со унапредување на 2 (два) административни службеници во ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Тетово.

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ЈУ МЕЃУОПШТИНСКИ ЦЕНТАР ЗА СОЦИЈАЛНА РАБОТА ТЕТОВО

Врз основа на член 30, 48 и 49 од Законот за административни службеници (Службен Весник на Република Македонија бр.27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 и 11/18), член 110-e од Законот за социјалната заштита (Службен Весник на Република Македонија бр.79/09, 36/11,51/11, 166/12, 15/13, 79/13, 164/13, 187/13, 38/14, 44/14, 116/14, 180/14, 33/15, 72/15, 104/15, 150/15, 173/15, 192/15, 30/16, 163/17, 51/18), член 6 став 2 и став 3 од Законот за вработените во јавниот сектор (Службен Весник на Република Македонија бр.27/14, 199/14, 27/16, 35/18 и 198/18), Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот на споведување на административната селекција и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција, во зависност од категоријата на работно место за кое е објавен интерниот оглас (Службен Весник на Република Македонија бр.11/15 и 35/18), и Правилникот за систематизација на работните места во ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Тетово бр.02-2439 од 10.10.2015 година, Правилниците за измена и дополнувања на правилникот за систематизација на работните места во ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Тетово бр.02-2439/2 од 24.10.2015 година, бр.03-1031 од 16.04.2018 година и бр.02-1778/1 од 28.06.2018 година, ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Тетово објавува

ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ – 01/2018

за пополнување на работни места со унапредување на 2 (два) административни службеници во ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Тетово

ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Тетово за пополнување на работни места со унапредување на 2 (два) административни службеници објавува интерен оглас за следните работни места:

1. СОЗ0102В04001– Помлад соработник Правник IV – Служба за административни и помошно технички работи, Оддел за административни работи и управување со човечки ресурси – 1 (еден) извршител

Општи услови:

  • Да е државјанин на Република Македонија,
  • Активно да го користи македонскиот јазик,
  • Да е полнолетен,
  • Да има општа здравствена способност за работното место,
  • Со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност.

Посебни услови:

-Стручни квалификации: ниво на квалификации VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен- Правни науки,

-Со или без работно искуство во струката,

-Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење,

-Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски).

Потребни општи работни компетенции на средно ниво:

  • Учење и развој,
  • Комуникација,
  • Остварување резултати,
  • Работење со други/тимска работа,
  • Ориентираност кон странките/засегнати страни и
  • Финансиско управување.

Распоред на работно време:

-Работни часови во неделата: 40 часа

-Работно време: од понеделник до петок, пристигнување од 07:30 до 08:30 часот и заминување од 15:30 до 16:30 часот.

-Паричен нето износ на збирот од делот на плата за степен на образование и делот на плата за ниво: 23.198,00 денари.

2. СОЗ0102В04007- Помлад соработник за човечки ресурсиСлужба за административни и помошно технички работи, Оддел за административни работи и управување со човечки ресурси – 1 (еден) извршител

Општи услови:

  • Да е државјанин на Република Македонија,
  • Активно да го користи македонскиот јазик,
  • Да е полнолетен,
  • Да има општа здравствена способност за работното место,
  • Со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност.

Посебни услови:

-Стручни квалификации: ниво на квалификации VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен- Образование

-Со или без работно искуство во струката,

-Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење,

-Активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски).

Потребни општи работни компетенции на средно ниво:

  • Учење и развој,
  • Комуникација,
  • Остварување резултати,
  • Работење со други/тимска работа,
  • Ориентираност кон странките/засегнати страни и
  • Финансиско управување.

Распоред на работно време:

-Работни часови во неделата: 40 часа

-Работно време: од понеделник до петок, пристигнување од 07:30 до 08:30 часот и заминување од 15:30 до 16:30 часот.

-Паричен нето износ на збирот од делот на плата за степен на образование и делот на плата за ниво: 23.198,00 денари.

На интерниот оглас може да се пријави административен службеник вработен во ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Тетово, кој ги исполнува општите и посебните услови за пополнување на соодветното работно место како и следните услови:

  • Да е оценет со оцена А или Б при последното оценување,
  • Да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас,
  • Да поминал најмалку две години на тековното работно место и
  • Да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас.

Рокот за доставување на пријавите со потребните документи изнесува 5 (пет) дена сметано од денот на објавувањето на огласот. Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.

Пријавата за огласот може да се подигне од архиватa на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Тетово или да се симне од веб страницата на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Тетово – http://jumcsrtetovo.mk/.

Пополнетата пријава и доказите за податоците содржани во пријавата кандидатите треба да ја поднесат во писмена форма преку архивата на  ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Тетово до лицето кое ги врши работите на организационата единица за управување со човечки ресурси како и службената електронска адреса  jumcsrtetovo@mtsp.gov.mk.

Кон пријавата кандидатите можат да ги приложат и следниве докази во оригинал или копија заверена кај нотар и во скенирана форма:

-потврди за успешно реализирани обуки и/или

-потврди за успешно реализирано менторство (како ментор или менториран административен службеник).

Во пријавата кандидатите се должни под материјална и кривична одговорност да потврдат дека податоците во пријавата се точни, а доставените докази верни на оригиналот. Кандидатот кој внел лажни податоци во пријавата се дисквалификува од понатамошната постапка по овој оглас.

Каднидатите со уредна документација кои ги исполнуваат потребните услови ќе бидат повикани на интервју во ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Тетово.

Постапката ќе ја спроведе Комисија за селекција за унапредување формирана од страна на Директорот на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Тетово.

Овој интерен оглас се објавува истовремено на веб страницата на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Тетово и на веб страницата на Агенција за администрација.

Ненавремените пријави и документација нема да се разгледуваат. По истекот на рокот за пријавување огласот ќе биде отстранет од веб страницата на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Тетово.

ЈУ Меѓуопштински центар

за социјална работа

Тетово

Директор

Дарко Обадиќ

Lini një Përgjigje

Adresa juaj email s’do të bëhet publike. Fushat e domosdoshme janë shënuar me një *