Formulari për aplikim —-> Shkarko folrmularin
за пополнување на слободни работни места по пат на објавување на интерен оглас за 3 (три) даватели на јавни услуги од категорија А стручни во ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Тетово.
РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
ЈУ МЕЃУОПШТИНСКИ ЦЕНТАР ЗА СОЦИЈАЛНА РАБОТА ТЕТОВО
Врз основа на член 110-е од Законот за социјалната заштита (Службен Весник на Република Македонија бр.79/09, 36/11,51/11, 166/12, 15/13, 79/13, 164/13, 187/13, 38/14, 44/14, 116/14, 180/14, 33/15, 72/15, 104/15, 150/15, 173/15, 192/15, 30/16, 163/17, 51/18) и член 6 став 2 и став 3 од Законот за вработените во јавниот сектор (Службен Весник на Република Македонија бр. 27/14, 199/14, 27/16, 35/18 и 198/18), Директорот на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Тетово на ден 27.12.2018 година објавува:
ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ – 1/2018
за пополнување на слободни работни места по пат на објавување на интерен оглас за 3 (три) даватели на јавни услуги од категорија А стручни во ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Тетово
ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Тетово за пополнување на слободни работни места за 3 (три) даватели на јавни услуги од категорија А стручни објавува интерен оглас за следните работни места:
1. СОЗ0303A06002 – Правник – стручен службеник од шесто ниво во Служба за права од парична помош – 1 (еден) извршител.
Општи услови:
- Да е државјанин на Република Македонија,
- Активно да го користи македонскиот јазик,
- Да е полнолетен,
- Да има општа здравствена способност за работното место,
- Со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност.
Посебни услови:
- За ниво А6 стекнати 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен (правни науки) со или без работно искуство во областа на социјалната заштита.
- Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.
Потребни општи работни компетенции на средно ниво:
- Учење и развој,
- Комуникација,
- Остварување резултати,
- Работење со други/тимска работа,
- Ориентираност кон странките/засегнати страни и
- Финансиско управување.
Распоред на работно време:
- -Работни часови во неделата: 40 часа
- -Работно време: од понеделник до петок, пристигнување од 07:30 до 08:30 часот и заминување од 15:30 до 16:30 часот.
- -Паричен нето износ на збирот од делот на плата за степен на образование и делот на плата за ниво: 23.198,00 денари.
2. СОЗ0303A06006– Социолог – стручен службеник од шесто ниво во Служба за права од парична помош – 1 (еден) извршител.
Општи услови:
- Да е државјанин на Република Македонија,
- Активно да го користи македонскиот јазик,
- Да е полнолетен,
- Да има општа здравствена способност за работното место,
- Со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност.
Посебни услови:
- За ниво А6 стекнати 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен (Социологија) со или без работно искуство во областа на социјалната заштита.
- Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.
Потребни општи работни компетенции на средно ниво:
- Учење и развој,
- Комуникација,
- Остварување резултати,
- Работење со други/тимска работа,
- Ориентираност кон странките/засегнати страни и
- Финансиско управување.
Распоред на работно време:
- -Работни часови во неделата: 40 часа
- -Работно време: од понеделник до петок, пристигнување од 07:30 до 08:30 часот и заминување од 15:30 до 16:30 часот.
- -Паричен нето износ на збирот од делот на плата за степен на образование и делот на плата за ниво: 23.198,00 денари.
3. СОЗ0303А06014 – Воспитувач – стручен службеник од шесто ниво во Служба за услуги од социјална заштита, Оддел – Дневен центар за лица со ментална или телесна попреченост – 1 (еден) извршител.
Општи услови:
- Да е државјанин на Република Македонија,
- Активно да го користи македонскиот јазик,
- Да е полнолетен,
- Да има општа здравствена способност за работното место,
- Со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност.
Посебни услови:
- За ниво А6 стекнати 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен (Образование) со или без работно искуство во областа на социјалната заштита.
- Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.
Потребни општи работни компетенции на средно ниво:
- Учење и развој,
- Комуникација,
- Остварување резултати,
- Работење со други/тимска работа,
- Ориентираност кон странките/засегнати страни и
- Финансиско управување.
Распоред на работно време:
- -Работни часови во неделата: 40 часа
- -Работно време: од понеделник до петок, пристигнување од 07:30 до 08:30 часот и заминување од 15:30 до 16:30 часот.
- -Паричен нето износ на збирот од делот на плата за степен на образование и делот на плата за ниво: 23.198,00 денари.
На интерниот оглас може да се пријави давател на јавна услуга вработен во ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Тетово, кој ги исполнува општите и посебните услови за пополнување на соодветното работно место.
Рокот за доставување на пријавите со потребните документи изнесува 5 (пет) дена сметано од денот на објавувањето на огласот. Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.
Пријавата за огласот може да се подигне од архиватa на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Тетово или да се симне од веб страницата на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Тетово – http://jumcsrtetovo.mk/.
Пополнетата пријава и доказите за податоците содржани во пријавата кандидатите треба да ја поднесат во писмена форма преку архивата на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Тетово до Комисијата за селекција на кандидати за давател на јавни услуги.
Во пријавата кандидатите се должни под материјална и кривична одговорност да потврдат дека податоците во пријавата се точни, а доставените докази верни на оригиналот. Кандидатот кој внел лажни податоци во пријавата се дисквалификува од понатамошната постапка по овој оглас.
Кандидатите со уредна документација кои ги исполнуваат потребните услови ќе бидат повикани на интервју во ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Тетово.
Постапката ќе ја спроведе Комисија за селекција на кандидати за давател на јавни услуги формирана од страна на Директорот на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Тетово.
Кандидатите заедно со пријавата треба да ги достават потребните документи за исполнување на општите и посебните услови:
-Уверение за државјанство;
-Доказ за општа здравствена способност;
-Потврда/Уверение дека со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност;
-Доказ за соодветното работно искуство;
-Доказ – Диплома/Уверение за завршено образование;
-Доказ за познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.
Овој интерен оглас се објавува истовремено на веб страницата и на огласната табла на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Тетово.
Ненавремените пријави и документација нема да се разгледуваат. По истекот на рокот за пријавување огласот ќе биде отстранет од веб страницата на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Тетово.
ЈУ Меѓуопштински центар
за социјална работа
Тетово
Директор
Дарко Обадиќ